Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на толеранцијата со порака за почит, прифаќање и градење на толеранција во богатата разновидност на културите и народите.
Толеранцијата подразбира волја и способност да се прифати и да се дозволи различноста, разликите во политичките уверувања, верските и расните уверувања, или пак за разликите меѓу половите.
Со промовирањето на толеранција градиме хармонија помеѓу различноста за да обезбедиме подобра иднина. Да ги негуваме човековите вредности, раличните религии, да создаваме единство меѓу народите, сите заедно да придонесеме кон градење на општество во кое владее мирот, толеранцијата и љубовта. Да ја искорениме дискриминацијата, говорот и делата од омраза, кои произлегуваат токму од нетолерантниот однос кон другите и различните.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги повикува граѓаните на почитување на различностите и меѓусебно запознавање и ги охрабрува сите оние, кои на било каков начин се чувствуваат дискриминирани, да поднесуваат претставки за дискриминација до КСЗД, со цел нејзино искоренување. Воедно, Комисијата апелира за толеранција и подигање на свеста за почитување на човековите права и дигнитетот на човекот кои гарантираат сигурен и безбеден живот без насилство, омраза, непочитување и понижување.
Придружете ни се во напорите да работиме за толерантен свет без дискриминација. Овој ден само не потсетува дека секој граѓанин има право и можност за живот во толерантно општество без насилство, во кое ќе се почитуваат човековите права, слободата, еднаквоста, правдата и почитувањето на различноста.