KSZD

25 ноември – Меѓународен ден за борба против насилство врз жените!

Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените го одбележува почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“,  која завршува на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Оваа година е под мотото „Обединете се! Инвестирајте за да го спречите насилството врз жените и девојчињата!“

#Без оправдување

Секоја трета жена во светот, барем еднаш во животот била изложена на физичко или сексуално насилство од интимен партнер, сексуално насилство од непартнер или и двете.

Ова зло се засили во различни поставки, вклучително и на работното место и онлајн просторите и се влоши со постпандемиските ефекти, конфликтите и климатските промени.

Родово базираната дискриминација, односно дискриминацијата врз основа на род и пол е највисоката форма на дискриминација. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и во нашата земја забележува зголемено дискриминациско вознемирување – најчесто на интернет просторот, односно во областа на јавно информирање и медиуми. КСЗД има нотирано засилен тренд на антиродови движења, кој особено се интензивира на социјалните медиуми.

Решението лежи во цврсти одговори, вклучително и инвестиции во превенција. Ни требаат повеќе инвестиции во женските организации, подобро законодавство, гонење на сторителите и обука за службениците за спроведување на законот.

Придружете се на нашиот 16-дневен активизам!

Leave a Reply

Skip to content