KSZD

8  Регионална конференција на телата за еднаквост на Југоисточна Европа, Сараево

Во Сараево, на 26 и 27 ноември, се одржа 8-та Регионална конференција на телата за еднаквост на Југоисточна Европа, каде фокусот беше ставен на новите директиви на Европската комисија за статусот и стандардите на телата за еднаквост. Оваа конференција претставуваше важна платформа за размена на искуства и дискусија за предизвиците со кои се соочуваат институциите за промоција на еднаквоста и спречување на дискриминацијата.

Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), имаше свое излагање на панел посветен на предизвиците со транспонирање на европските директиви во националното законодавство. Тој истакна дека усогласувањето на законодавството со овие директиви е од суштинско значење за подобрување на статусот и функционирањето на КСЗД. Ова е значајно не само за зајакнување на механизмите за превенција и заштита од дискриминација, туку и за исполнување на обврските во рамки на Поглавјето 23 од процесот на пристапување кон Европската унија.

Конференцијата ја потенцираше важноста на регионалната соработка и размената на добри практики во оваа област, со цел понатамошно унапредување на правата и заштитата на сите граѓани.

Leave a Reply

Skip to content