Членот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Душан Томшиќ присуствуваше на 9-тата Регионална Конференција на телата за еднаквост на земјите од Југоисточна Европа, која се одржа во Сплит, Р.Хрватска (22-23 септември), со главен фокус на “Зајакнување на соработката помеѓу телата за еднаквост и граѓанските организации“.
Душан Томшиќ во своето обраќање на Конференцијата ги презентираше добрите практики и можности за соработка со граѓанските организации во Република Северна Македонија, како и искуствата на Комисијата со првата actio popularis за жените земјоделки и пристапот до породилно отуство, искуствата на Комисијата како пријател на судот на предлог на Граѓански организации во случаите за пристап до избирачки места за лицата со попреченост и во случаите за сегрегацијата на учениците роми во основното образование.
Во своето обраќање се осврна и на два значајни за Комисијата годишни настани: “Разговори за еднаквост” во партнерство со Граѓански организации, како и на Претставата „8%“, која беше играна во текот на 2024 година, а на која беа прикажани реални сведоштва од повеќе ранливи групи во општеството.
На крајот на Конференцијата сите тела за еднаквост, учесници на Конференцијата зазедоа заеднички став за потребата од зајакнување и продлабочување на соработката со Граѓанските организации во делот на промовирање на еднаквоста и создавање на поинклузивни општества.

