KSZD

Обука за недискриминација и борба против антициганизмот

Членот на КСЗД, Зекир Абдулов, одржа обука за недискриминација и борба против антициганизмот, во рамки на соработката помеѓу Советот на Европа и Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Обуката се реализира како дел од две проектни иницијативи имплементирани од Советот на Европа: „Интеграција на Роми III“ (Заедничка програма на ЕУ и Советот на Европа) и „Хоризонтален инструмент III за Западен Балкан и Турција“, преку акцијата „Борба против омраза и нетолеранција во Северна Македонија“.

Настанот се одржа во Клубот на пратеници и е наменет за вработените во Центрите за социјална работа во Скопје, со цел јакнење на нивните капацитети за препознавање и спречување на дискриминација и за справување со антициганизмот во институционалната практика.

Leave a Reply

Skip to content