KSZD

ОПШТА ПРЕПОРАКА за заштита од дискриминација на жените поради бременост, раѓање и мајчинство во работните односи

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе Општа препорака со која, на работодавачите од јавниот и од приватниот сектор им препорачува да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство и да се воздржат од практики кои доведуваат до нивен нееднаков или понеповолен третман при бременост, раѓање и мајчинство во остварувањето на правата од работен однос.

Оваа препорака произлезе од фактот што, КСЗД, во повеќе предмети утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на  пол и род во врска со бременост, раѓање и мајчинство во областа на работата и работните односи.

Согласно член 13 од Законот за спречување и заштита од дискриминација интерсекциската дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација.

КСЗД, му препорачува и на Собранието на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за унапредување на законската рамка во областа на работните односи со цел зајакнување на правната заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство.

Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата има законска надлежност да го следи спроведувањето на општите препораки што ги упатува по сопствена иницијатива.

Целата препорака можете да ја видите на следниот линк:

https://kszd.mk/wp-content/uploads/2026/04/Општа-препорака-бременост-во-работни-односи.pdf

Leave a Reply

Skip to content