Претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ, во Галеријата ОСТЕН ја отвори изложбата „Студентите против дискриминација“.
25 студенти од Факултетот за арт и дизајн при ЕВРОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ, преку својата креативност испраќаат силни пораки за промоција на еднаквоста, недискриминацијата и ненасилството.
Претставени се дела создадени во рамки на конкурсот за студентски постери со цел, подигнување на јавната свест против дискриминација и за еднаквост преку уметност и дизајн.
Изложени се 25 постери, од кои секој претставува уникатен и креативен одговор на темите човекови права, еднаквост и ненасилство.
Изложбата ќе биде отворена до 3 јуни 2026 г.






