KSZD

Втора година од имплементацијата на проектот „VIOLET“: Зајакнување на борбата против сексуалното вознемирување на работното место

Проектот „ВИОЛЕТ – Кон работни места без сексуално вознемирување и насилство“ (VIOLET – Towards Workplaces Without Sexual Harassment and Violence), во кој Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е еден од партнерите во спроведувањето, во мај влезе во својата втора година на имплементација. Во текот на месецот, во Вилнус, Литванија, се одржа редовниот трет состанок на Управниот одбор на Проектот, на кој се дискутираше за тековната реализација на проектните активности, постигнатите резултати и досега реализираните активности. 

По тој повод, членовите на Управниот одбор во Вилнус беа пречекани од Бируте Сабатаускаите, која го отвори работниот состанок и се осврна на значењето на борбата против сексуалното вознемирување и насилството на работното место како форма на дискриминација.

На дводневниот состанок беше разгледана досегашната соработка меѓу партнерите на Проектот, со посебен осврт на развиената истражувачка алатка, преку која ќе се спроведуваат емпириски и правни анализи за распространетоста на сексуалното вознемирување на работното место во однапред определени сектори. Алатката обезбедува унифициран методолошки пристап за спроведување на истражувањата.

Воедно, беа утврдени насоките за претстојното емпириско истражување за распространетоста на сексуалното вознемирување, а беше констатирано и дека националните правни анализи се во завршна фаза и наскоро се очекува нивно објавување како еден од клучните резултати на Проектот. Покрај правните анализи, во подготовка е и прирачник за работодавачи, кој ќе придонесе за воспоставување внатрешни механизми и процедури за создавање достоинствена, безбедна и инклузивна работна средина за сите.

Проектот „VIOLET – Towards workplaces without sexual harassment and violence“ е кофинансиран од Европската Унија.“

Leave a Reply

Skip to content