Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпиша Меморандум за соработка со Институтот за човекови права. Овој Меморандум ќе помогне за унапредувањето на човековите права и спречувањето на дискриминацијата.
Меморандумот ќе придонесе за размена на информации, а КСЗД и ИЧП ќе организираат и состаноци, предавања, обуки, семинари и други форми на соработка.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација продолжува да соработува со институциите и организациите кои работат на полето на антидискриминација и заштита на човековите права. Досега КСЗД има потпишано меморандуми за соработка со Полио Плус, ОБСЕ, Британската амбасада во Скопје, Мрежата за заштита од дискриминацијата, Македонското здружение на млади правници и ФФМ.