KSZD

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНO МЕСТO ВО КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИКРИМИНАЦИЈА ПРЕКУ МОБИЛНОСТ СО ТРАЈНО ПРЕЗЕМАЊЕ

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објавува јавен повик за изразување интерес за пополнување на работно место преку мобилност со трајно преземање.

Јавниот повик е насочен кон вработените во јавниот сектор кои би имале интерес и желба да работат во Комисијата, а кои согласно чл. 44 од Закон за вработените во јавниот сектор ќе бидат трајно преземени на работно место на исто ниво односно на работно место за кое ги исполнуваат општите и посебните услови пропишани во Правилникот за систематизација на работните места на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Јавниот повик за пополнување на работни места во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се распишува за следново работно место:

1. УПР0101В04000    Помлад соработник – Преведувач на македонски и на албански јазик, Одделение за општи и правни работи, Секторот за административно-финансиска поддршка.

Стручни квалификации:

Ниво на квалификациите – најмалку VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Хуманистички науки – јазици и литература.

Со или без работно искуство во струката.

Сите заинтересирани треба да испратат своја професионална биографија (CV), мотивациско писмо (не подолго од 1 страна), звање, категорија и ниво на моменталното работно место), согласно класификацијата на работните места на административните службеници од Законот за административни службеници.

Кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг, а ги исполнуваат општите и посебните услови за слободните работни места од Правилникот за систематизација на работните места на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе бидат повикани на интервју. По спроведените интервјуа, Комисијата ќе направи селекција на кандидати/ки за кои ќе започне постапка за добивање согласност од нивните раководни лица, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии.

Заинтересираните лица треба да ги достават споменатите документи на info@kszd.mk со назнака “За јавен повик за изразување интерес за вработување во КСЗД”, најдоцна до 31.1.2024 година.

Leave a Reply

Skip to content