Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на Седницата одржана на 13.04.2022 година, донесе одлука за поведување постапка по службена должност против Ваљон Бела, по повод неговите изјави на дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ 21, емитувана на 04.04.2022 година.
Во цитираната емисија, Бела дава изјави во кои има индиции за сторено вознемирување по основ на етничка припадност врз граѓаните на Република Северна Македонија од турската етничка заедница. Со оглед на фактот дека потенцијалното вознемирување е искажано на телевизија која се емитува на целата територија на државата, а истото се однесува на етничка заедница која согласно последниот попис брои преку 79.000 граѓани од резидентното население на РС Македонија, Комисијата, врз основа на член 21 став 15 и член 23 став 4, одлучи да покрене постапка по службена должност.
Во оваа насока ќе биде информиран и Советот за етика на медиумите, како и горе-споменатата телевизиска куќа.
Комисијата ќе ја информира јавноста за исходот од постапката.