KSZD

Презентиран кварталниот извештај за работата на КСЗД за периодот јануари-март 2022 г.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на прес-конференција го презентираше Кварталниот извештај за сработеното за периодот јануари-март 2022 година.

Во наведениот период, Комисијата постапи по вкупно 95 претставки, од кои 57 се поднесени во првиот квартал од 2022, а останатите се од 2021 година.

Од подносителите, 30 претставки се од физички лица, 23 претставки од правни лица и 1 од група граѓани. КСЗД по службена должност постапи во три случаи. Според местото на живеење најголем број од претставките се од Скопје. Од вкупно поднесените, 43% се од жени, а 40%  се претставки поднесени од мажи.

Во првиот квартал од оваа година донесени се вкупно 46 одлуки. Кај 26 е утврдена дискриминација, неутврдена е кај 10, неповедување, непостапување или запирање на постапката кај 2, отфрлени се 8 претставки.

Најзастапена област каде е утврдена дискриминација се медиумите, каде се донесени  мислења за 13 случаи, работа и работни односи кај 5, пристап до добра и услуги 4 мислења и образование 3 мислења.

Според видот на утврдена дискриминација, вознемирување е утврдено во 10 случаи, продолжено, повеќекратно и повторено вознемирување кај 4, директна дискриминција кај 3, потешки облици на дискриминација е утврдена кај 14 случаи, повикување и поттикнување на дискриминација кај 1 и сегрегација во еден случај.

Од маргинализирана група граѓани пристигнати се 13 претставки, 10 од лично својство или статус, сексуална ориентација 9, пол 9, родов идентитет 8 и попреченост 4.

Во првиот квартал од оваа година се забележува опаѓање на бројот на претставки врз основа на национална или етничка припадност.

Целиот извештај можете да го видите тука...

Leave a Reply

Skip to content