KSZD

КСЗД и Кабинетот на претседателот на РС Македонија потпишаа Меморандум за соработка

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Кабинетот на претседателот на Република Северна  Македонија, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел, преземање координирани активности во насока на промоција на заштитата од дискриминација и обезбедување на целосно и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Согласно Меморандумот, двете институции за согласуваат заеднички да соработуваат во однос на промотивни активности и кампањи за спречување и заштита од дискриминација, поддршка при организирање на меѓународни конференции и настани од полето на заштита од дисктиминација, соработка и учество во активности и обуки во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, како и размена на стручни мислења во областа на предлозите и претставките поврзани со заштита од дискриминација.

Меморандумот беше потпишан од страна на претседателот на Комисијата, Кире Василев и генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на РСМ, Миле Бошњаковски.

Со овој Меморандум се потврдува интересот за јакнење на меѓусебната соработка во поддршка на активностите за спречување и заштита од дисриминација на граѓаните во РС Македонија.

Leave a Reply

Skip to content