Состанок на членовите на КСЗД со претставниците на Конференцијата на меѓународни невладини организации (CINGO) при Совет на Европа
Денеска претставници на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Лимко Бајзароски – претседател и Душан Томшиќ – член,остварија средба со претставниците на Конференцијата на меѓународни невладини организации (CINGO) при Совет на Европа. Делегацијата на CINGO ја сочинуваа претседателот на CINGO, два члена на НВО и/или Експертскиот совет за правото на НВО, придружуван од член на Секретаријатот.
Целта на средбата со претставници на КСЗД беше да се разменат мислења и искуства за граѓанското општество и законодавството во ова поле, како и за учеството на граѓанското општество во процесот на креирање на политиките во владата, парламентот како и на локално ниво