Во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Агенција за остварување на правата на заедниците, со поддршка од проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“ на Советот на Европа и Европската Унија, беше одржана работилница и дискусија на тема „Остварување на граѓанските права и заштита од дискриминација“.

Настанот се одржа во Прилеп, каде што присуствуваа значајни претставници од локалната самоуправа и институциите: Градоначалникот на Прилеп, г. Борче Јовчески, Градоначалникот на Крушево, г. Томе Христоски, потпретседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, г-ѓа Флора Кадриу, како и претставничката на Советот на Европа, г-ѓа Марија Андреева.
Особена чест и задоволство ни причини големата заинтересираност за настанот, како и активното учество на претставници од помалубројните заедници не само од Прилеп, туку и од Крушево, Долнени и Кривогаштани.

Целта на ваквите работилници и дискусии е да се доближи работата на Комисијата до граѓаните, како и до претставниците на локалните заедници и самоуправи и да се презентираат механизмите за заштита на нивните права и борба против сите форми на дискриминација.
Работилниците и дискусиите продолжуваат наскоро во Куманово и Кичево.