KSZD

Запознавање со механизмите за спречување и заштита од дискриминација

Комисијата за спречување и заштита од дискримнација, заедно со Мрежата за заштита од дисркиминација на 29 и 30 март,  спроведува обука за запознавање со механизмите за спречување и заштита од дискриминација, законската и институционалната рамка и спроведување на истата на локално ниво. Обуката се организира во рамки на проектот „Видливи, здружени и гласни – Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“, спроведуван од страна на Коалицијата МАРГИНИ, Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЛАГ Вардар Леадер и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а во рамки на програмата Цивика Мобилитас. Обучувачи се Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Маја Атанасова, правна советничка од Македонското здружение на млади правници. 

На обуката присуствуваат претставници на општини (координатори за еднакви можности или други лица вработени во општината), претставници на подрачните одделенија на Министертвото за правда, кои даваат бесплатна правна помош и претставници на здруженија на граѓани кои работат на локално ниво. На обуката учесниците се стекнуваат со знаења за видовите и основите на дискриминација, постапката за заштита од дискриминација пред Комисијата, обврските на локалната самоуправа од Законот за спречување и заштита од дискриминација и улогата на подрачните одделенија на Министертвото за правда во однос на обезбедување правна помош на жртвите на дискриминација.

Целта на обуката е да се воспостави соработка помеѓу институциите на локално ниво во однос на спроведување на активности за превенција од дискриминација и во однос на овозможување заштита од дискриминација на граѓаните на локално ниво. 

Leave a Reply

Skip to content