KSZD

„Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки“

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на 20 ноември 2025 година, ја организираше конференцијата „Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки“.

Конференцијата обедини домашни и меѓународни експерти, претставници на институциите, телата за еднаквост од регионот, академската заедница и граѓанскиот сектор. Целта беше да се направи пресек на постигнувањата во последните пет години и да се идентификуваат клучните предизвици и идните насоки за унапредување на системот за заштита од дискриминација. Дополнително, беа отворени и стратешки прашања поврзани со следните чекори, институционалните предизвици и усогласувањето со европските стандарди.

Преку три тематски панели беа разгледани главните предизвици и можности во областа на еднаквоста и недискриминацијата:

1. Институционална заштита од дискриминација

Првиот панел се фокусираше на улогата на националните институции во обезбедување ефективна заштита на граѓаните, преку работата на КСЗД, Народниот правобранител, судовите, меѓународните организации и надлежните министерства.

2. Заштита од дискриминација во рамките на Советот на Европа

Вториот панел понуди стручна перспектива за европските стандарди и пракси, со акцент на ромските права, судската практика, регионалните тела за еднаквост и меѓународните механизми за човекови права.

3. Заштита од дискриминација во Европската Унија

Третиот панел ги опфати актуелните политики на ЕУ, предизвиците и обврските од новите европски директиви, улогата на EQUINET и искуствата од регионот, нагласувајќи ја важноста од усогласување со европските стандарди во контекст на пристапувањето кон ЕУ.

Особено значајни се новите европски директиви, кои отвораат можности за понапредна заштита на жртвите од дискриминација преку јасни процедури, стандардизирани методологии и пристап до правна помош. Овие директиви ја нагласуваат и потребата од целосна институционална независност на КСЗД – функционална, финансиска и оперативна – со обезбедени ресурси и соодветен кадар за спроведување на сите законски надлежности.

Таквата независност ќе ја засили превентивната улога на Комисијата, преку промоција, едукации, истражувања и подготовка на законски препораки кои обезбедуваат ефективна еднаквост и целосна заштита на човековите права.

Leave a Reply

Skip to content