Skip to content
Приспособете ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Always Active

Задолжителни (неопходни) колачиња во кои се вклучени: 
- Основни колачиња (сесиски колачиња) 
Сесиските колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот интернет пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина правилна работа.Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале преку нашата веб страница. Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни активности како што е на пример пополнување на апликација за вработување („Apply for this job“), при враќање на претходната страница за време на истата сесија (користење на „go back“ опција).

Функционални (постојани) колачиња 
Ние користиме постојани колачиња за подобра услуга на нашите корисници (на пример, обезбедување оптимизирана навигација). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секој пат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот компјутер или мобилен уред и не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од колачето за сесија, кое се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета. 
Овие колачиња ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб страница, како што се приказот на веб страницата.

Аналитички/Колачиња за перформанси во кои се вклучени: 
Колачиња од трети страни „Third Party Cookies“ 
Овие колачиња собираат информации за тоа како ја користите веб страницата, на пример страници на кои одите и какви било пораки за грешка што Ви се случуваат. Овие колачиња не собираат информации што Ве идентификуваат, тие се анонимни и помагаат да се подобри функционирањето на веб страницата.
Колачињата можат да се користат во следниве категории: Google Analytics, Google Ads.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

KSZD

КСЗД: Барањето на сертификат за примена вакцина не е дискриминација, сегрегација и повреда на право на еднаквост

Koмисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека одлуката во простории каде има повеќе од 30 луѓе да може да се влезе само со приложување сертификат за примена вакцина, не претставува дискриминација, сегрегација и повреда на право на еднаквост во смисла на Уставот на РСМ, Законот за спречување и заштита од дискриминација и меѓународните правни акти.

Вакцинацијата е граѓанска обврска за масовна имунизација и претставува неопходна мерка заради заштита на здравјето на луѓето. Оваа граѓанска обврска е регулирана со членот 39 од Уставот на Р.С Македонија, кој освен гарантирањето на право на здравствена заштита, пропишува и обврска да го чува и унапредува своето здравје и здравјето на другите:

„На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“.

Уставот при неисполнување на пропишаните граѓански обврски, вклучително и обврската за унапредување на сопственото и здравјето на другите, предвидува и уставно регулирани забрани за движење, кои се предвидени во член 27 од Уставот на Р. С. Македонија кој гласи:

„Секој граѓанин има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште. Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката. Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето“.

Впрочем, ограничувањето на основните човекови права и слободи во случаи кога има оправдана цел, се предвидени и во сите релевантни меѓународни правни акти со кои се регулираат човековите права и слободи. Во оваа смисла ваквите рестрикции имаат оправдана цел, се додека не се обезбеди поширок имунитет меѓу популацијата.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се согласува со ставот на Агенцијата за заштита на личните податоци дека визуелниот преглед на потврдата за извршена имунизација (сертификат), без да се задржуваат личните податоци, не претставува обработка на лични податоци и излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци, а апропо тоа, не може да претставува повреда на правото на заштита на лични податоци.

Дополнително, Комисијата апелира државата да обезбеди заштита на личните податоци, така што ќе обезбеди дека прегледите на потврдите за имунизација ќе се врши исклучиво за медицински цели, согласно насоките на Комитетот за биоетика и Комитетот за заштита на лични податоци при Советот на Европа.

За крај Комисијата апелира сите важечки и идни мерки и алатки кои ќе се користат за ограничување на ширењето на инфекцијата, вклучително и оние за кои ќе биде потребен преглед или обработка на податоци за вакцинација или негативни тестови, да мора да ги почитуваат принципите на неопходност, пропорционалност и недискриминација.

Leave a Reply