Во просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денес се одржа работна средба со претставникот на Меѓународната организација на трудот во Република Северна Македонија, г. Емил Крстановски.

На средбата се разговараше за клучни прашања поврзани со синдикалното здружување, примената на Законот за работни односи, како и мислењата на судовите и праксата на Комисијата во оваа област. Посебен акцент беше ставен на обезбедувањето на еднаквост на ниво на работодавач, вклучително и превенцијата од дискриминација во работните односи и унапредување на фер и инклузивни работни средини.
Дополнително, беше разгледан видот на претставките што се поднесуваат за заштита од дискриминација во работните односи, со цел унапредување на механизмите за правна заштита и јакнење на работничките права.

Комисијата продолжува активно да соработува со релевантните меѓународни организации во насока на подобрување на правната рамка и праксата во областа на заштитата од дискриминација на работното место и обезбедување еднакви можности за сите вработени.