По повод одбележувањето на Неделата на детето, дел од учениците од ООУ “Љубен Лапе“ од Скопје, ја посетија Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за да се запознаат со членовите и вработените во Комисијата. При посетата, учениците беа упатени во работата на КСЗД, но истовремено ги запознавме и со Конвенцијата за заштита на правата на децата. Со нив се разговараше за правата заштитени со Конвенцијата, како на пример правото на име, државјанство, грижа од своите родители, правото на идентитет и националност, вклучувајќи го и правото да бара, прима и пренесува информации и идеи од секој вид. Посебен акцент беше ставен на дефинирање на поимот дискриминација, еднаквост и толеранција.
Неделата на детето e повод интензивно да се борува за нивните права и овие денови се поттик за посериозно и попосветено да продолжиме со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата. Сите деца имаат еднакви права и треба еднакво и непречено да им се обезбеди поддршка и можност за правилен раст и развој без дискриминација.
КСЗД останува посветена на каузата за еднакво општество за сите, оваа недела со акцент на децата. Нека годишното мото за одбележување на детската недела ги пренесе пораките на сите деца во државата, дека се грижиме за посигурно, порадосно и поисполнето детство, без дискриминација.