KSZD

Постапка по службена должност против Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поведе постапка по службена должност, по допрен глас, против Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за утврдување директна дискриминација врз група станари во државниот пензионерски дом „Аеродром“, по основ на ментална и телесна попреченост и здравствена состојба.

Имено, пензионерскиот дом нема обезбедено функционални влезови што овозможуваат пристап со инвалидска количка и ортопедски помагала. Дополнително, не постои соодветна рампа од лифтовите до надворешноста на објектот, со што се отежнува, па дури и оневозможува, интервенција на службите за итна медицинска помош.

Согласно член 3 став 2 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување има обврска да презема мерки и дејствија за промоција и унапредување на еднаквоста и превенција од дискриминација. Фондот е должен да обезбеди пристапност до инфраструктурата, добрата и услугите, што подразбира преземање соодветни мерки за лицата со попреченост да имаат пристап на еднаква основа со другите.

Необезбедувањето пристапност, согласно член 4 став 5 од истиот закон, претставува дискриминација.

Leave a Reply

Skip to content