ЕКРИ 2024 Годишен семинар со тела за еднаквост
Претседателот на КСЗД Игор Јадровски во Стразбур присуствува на годишниот семинар на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ), организиран по повод 30 години од постоењето на ЕКРИ, во тесна консултација со Европската мрежа на телата за еднаквост (ЕКВИНЕТ) и Комитетот на Обединетите нации за елиминација на расната дискриминација (ЦЕРД).
Овој семинар е прилика да се направи преглед на 30-годишната работа, со фокус на две специфични критични прашања: расизам и нетолеранција во здравствената заштита и структурна дискриминација и институционален расизам.
Говорниците ќе ги споделат своите сознанија и искуства во воведот и трите суштински сесии на годишниот семинар, а покрај членовите на ЕКРИ и претставниците на телата за еднаквост, вклучени се и претставници на меѓународни партнери, академици и актери од граѓанското општество, но и жртви на дискриминација или расистичка злоупотреба.
ЕКРИ им даде насоки на земјите-членки на Советот на Европа да ги спречат и ефикасно да се борат со овие појави, преку издавање општи политики и препораки специфични за земјата. Исто така, ЕКРИ постојано поттикнува акција за формирање или зајакнување на телата за еднаквост во борбата против расизмот и нетолеранцијата на национално ниво и го поддржува усвојувањето на обврзувачки стандарди во овој поглед, на ниво на Европската унија.