Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објавува јавен повик за изразување интерес за пополнување на работно место преку мобилност со трајно преземање.
Јавниот повик е насочен кон вработените во јавниот сектор кои би имале интерес и желба да работат во Комисијата, а кои согласно член 44 од Закон за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ“ бр. 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Службен весник на РСМ“ бр. 143/2019, 14/2020 и 302/2020) ќе бидат трајно преземени на работно место на исто ниво односно на работно место согласно Правилникот за систематизација на работните места на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Работно место:
1. Преведувач на македонски и на албански јазик, Одделение за административни работи, Сектор за административни и финансиски прашања– 1 извршител
– категорија В – стручни административни службеници
Сите заинтересирани треба да испратат своја професионална биографија (CV), мотивациско писмо (не подолго од 1 страна), звање, категорија и ниво на моменталното работно место, согласно класификацијата на работните места на административните службеници од Законот за административни службеници.
Кандидатите кои ќе се пријават на огласот ќе бидат повикани на интервју во просториите на Комисијата. По спроведените интервјуа Комисијата ќе направи селекција на кандидат/ка за кој/а ќе започне постапка за добивање согласност од нивните раководни лица, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии.
Заинтересираните лица треба да ги достават професионалната биографија и мотивациското писмо на contact@kszd.mk со назнака “За јавен повик за изразување интерес за вработување во КСЗД”.