Претставка за дискриминација до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација може да се поднесе на повеќе начини – електронски, по пошта и лично во просториите на КСЗД.
- За да поднесете претставка по електронски пат, пополнете го формуларот во делот „Пријави дискриминација“ на нашата веб страница.
- Претставка по електронски пат може да се поднесе и на email адресата: contact@kszd.mk. Претставката треба да ги содржи следниве битни елементи – податоци за подносителот, податоци за лицето против кого се поднесува претставката, околностите и фактите врз кои се темели претставката, податоци за правните дејства што претходно ги вложил подносителот, доколку ги има и потпис на подносителот.
Пополнетиот урнек испратете го пошта на адреса: Даме Груев бр.1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Претставка за извршена дискриминација може да поднесете и лично во просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кои се наоѓаат на улица Даме Груев бр.1 во Скопје. Постапката лично може да се поднесе усно или пак со пополнување на урнекот.