KSZD

„Дискриминирачки говор на дигиталните медиуми – состојба и предизвици”

Во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП),  под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија г. Стево Пендаровски, во „Вила Водно“ се одржа јавна дебата на тема „Дискриминирачки говор на дигитални медиуми – состојба и предизвици”.

 На едно место се собраа и обединија сите заинтересирани општествени чинители и актери, со цел создавање на иницијална Платформа и нејзин план на активности за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот, при што од страна на претстатвниците на невладините организации беа предложени повеќе конструктивни и креативни идеи кои ќе бидат разгледани и доработени на следната средба.

„Спречувањето на дискриминирачките содржини во интернет просторот, како и во јавниот говор, мора да стане национален приоритет. Превенцијата е клучна. Клучно е сите оние кои се кријат зад удобноста на тастатурата да бидат свесни дека се одговорни за напишаното или кажаното. Дискриминацијата не препознава етничка или религиска припадност, пол, род или сексуална ориентација. Напротив, дискриминацијата еднакво боли и ја повредува секоја личност, го подрива нејзиниот интегритет и самодоверба и остава трајни последици врз човекот, неговите најблиски, но и врз општеството во целина. Благодарност до Комисија за спречување и заштита од дискриминација и IDUEP Institute да бидам дел од иницијативата чијашто цел е да го деконтаминира дигиталниот простор од дискриминирачката реторика. Верувам дека со заеднички напори на сите релевантни чинители и обединување на искуствата можеме да придонесеме во оваа значајна борба“ , истакна претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Иницијативата потекнува од потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи каде, меѓу другото, е предвидено обезбедување на поддршка на работата на КСЗД, како и креирање на поширока платформа на организации и други општествени чинители во процесот на изнаоѓање на успешни решенија, пракси, односно автентичен национален модел за ефикасно справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави на интернет.

Leave a Reply

Skip to content