Едно од пет деца во Европа е жртва на некаков облик на сексуално насилство – од сексуална злоупотреба и експлоатација, детска порнографија, до онлајн злоупотреба и вознемирување од врсници. Во Република Северна Македонија ситуацијата е исто така сериозна и загрижувачка: во периодот од 2020 до 2024 година биле пријавени 508 случаи на сексуално насилство и вознемирување врз деца, според податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР). Овие податоци јасно укажуваат дека сексуалното насилство врз деца е реалност што бара навремена реакција, јасни механизми за заштита и заедничка одговорност.
По повод Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца,националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“, официјално започна на 18 ноември 2025г.чиј почеток беше одбележан со промотивен настан во „Europe House“ – Скопје.
„Статистиката е болна и тешка, но не смее да остане само бројка. Зад секое дете стои име, семејство и доверба во возрасните. Нашата должност е да направиме сè таа доверба никогаш да не биде повредена“, изјави Душан Томшиќ, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Кампањата опфаќа едукативни видеа, печатени материјали и постери, адаптирани на локалниот контекст и наменети за деца, родители, старатели, наставници и професионалци кои работат со деца. Материјалите ќе се дистрибуираат во училиштата, градинките и јавните институции низ целата држава, а се достапни и во дигитална форма.

Активностите се реализираат во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“во партнерство со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител, со поддршка од Бирото за развој на образованието.
Кампањата, спроведена со дозвола од Советот на Европа,има за цел да ја подигне јавната свест, да ги охрабри децата да проговорат и да им обезбеди на возрасните знаења и алатки за препознавање, превенција и ефикасна заштита од сексуално насилство врз деца.

Материјали од кампањата: „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз децата“
Книги:
Прирачници:
Постери:
- Кико и раката_книга MK / ALB
- Допир: MK / ALB
- Тајна: MK / ALB
- Разговор: MK / ALB
- Фотографирање: MK / ALB
- Дигитална присутност: MK / ALB
Леток:
Двостраничен документ: Статистика од Северна Македонија
Видеа:
- Кико и раката (3+): MK / ALB
- Кико и многујас (+4): MK / ALB
- Кажи му на некој кому му веруваш (9+): MK / ALB
- Значи тоа е сексуална злоупотреба (12+): MK / ALB
- Езерото (14+): MK / ALB
