
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев и претседателот на советот на Општина Кавадарци, Стојанчо Рамов.
На средбата се дискутираше за модели на соработка помеѓу Комисијата и Општина Кавадарци во превенција и заштита од дискриминација на локално ниво.
Ова е прва од низата средби кои Комисијата ќе ги оствари со единиците на локалната самоуправа, во обид на доближување на работата на Комисијата до граѓаните на локално ниво, како и соработка со општините во промоција на принципот на еднаквост, спречување и заштита од дискриминација.