Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“, склучија Меморандум за соработка за промовирање на правата на децата/лицата со попреченост и нивните семејства, промоција, заштита и превенција на еднаквоста и овозможување на системски промени за нивно вклучување во сите социјално-оптествени процеси согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Меѓу другото, со овој Меморандум договорено е покренување заеднички иницијативи за унапредување на правната рамка која гарантира еднаквост и забрана на дискриминација на лицата со попреченост, обезбедување на програми за подигање на јавната свест за отстранување и надминување на постоечките стереотипи кон овие лица, но и размена на информцаии во врска со унапредувањето на правата на лицата со попреченост.
Линк до Меморандумот: