Skip to content
Приспособете ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Always Active

Задолжителни (неопходни) колачиња во кои се вклучени: 
- Основни колачиња (сесиски колачиња) 
Сесиските колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот интернет пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина правилна работа.Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале преку нашата веб страница. Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни активности како што е на пример пополнување на апликација за вработување („Apply for this job“), при враќање на претходната страница за време на истата сесија (користење на „go back“ опција).

Функционални (постојани) колачиња 
Ние користиме постојани колачиња за подобра услуга на нашите корисници (на пример, обезбедување оптимизирана навигација). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секој пат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот компјутер или мобилен уред и не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од колачето за сесија, кое се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета. 
Овие колачиња ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб страница, како што се приказот на веб страницата.

Аналитички/Колачиња за перформанси во кои се вклучени: 
Колачиња од трети страни „Third Party Cookies“ 
Овие колачиња собираат информации за тоа како ја користите веб страницата, на пример страници на кои одите и какви било пораки за грешка што Ви се случуваат. Овие колачиња не собираат информации што Ве идентификуваат, тие се анонимни и помагаат да се подобри функционирањето на веб страницата.
Колачињата можат да се користат во следниве категории: Google Analytics, Google Ads.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

KSZD

КСЗД утврди интерсекциска дискриминација врз бремена работничка

Со Мислење бр. 08-185/19 од 21.07.2023, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди интерсекциска дискриминација по основ на пол , род и бременост извршена од страна на АД Просветно дело Скопје кон бремена работничка, со непродолжување на нејзиниот договор за вработување заради бременост. Комисијата му препорача на АД Просветно дело Скопје во иднина да се воздржува од практики што продуцираат нееднаков третман и дискриминација на вработените по основ на пол, род и бременост при остварувањето на нивните права од работен однос и да ја почитува и применува законски загарантираната заштита од дискриминација по основ на бременост, раѓање и мајчинство.

Во конкретниов случај, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека работодавачот не го докажа ниту оправда непродолжувањето на договорот за вработување на подносителката,односно не докажа ниту приложи писмени, архивирани докази дека постоеле и други објективни причини за непродолжувањето како: намален обем на работата, укинување на работното место, несоодветно и неквалитетно извршување на работните обврски од страна на работничката или нејзино одбивање на понуда за продолжување на договорот но за работа во друга продавница. Во исто време, продолжувањето на договорите за работа на другите вработени влева оправдан сомнеж дека единствена причина поради која не бил продолжен нејзиниот договор на вработување е бременоста, што претставува нееднаков третман и повреда на нејзиното право на еднаквост во споредба со другите вработени, односно дискриминација по основ на пол, род и бременост. Ваквото постапување на работодавачот го довел во состојба на ризик нејзиното право да користи платено породилно отсуство, со оглед дека законските прописи налагаат минимум 6-месечен активен работен ангажман како услов за користење на ова право, што е во спротивност со уставните начела, законските прописи и принципите на меѓународните инструменти за заштита на човековите права кои ја гарантираат заштитата од дискриминација по основ на бременост, раѓање и родителство.

Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените на ООН во членот 11 ги антиципира обврските на државите-членки да ги преземаат сите погодни мерки заради елиминирање на дискриминацијата на жените во областа на вработувањето, врз основа на рамноправноста на мажите и жените, со цел, меѓу другото да се обезбеди и еднакво право на работа, како неотуѓиво универзално право на секој поединец како и правото на здравствена заштита и заштита при работата, вклучувајќи ја и заштитата на биолошките и репродуктивните функции на жената.

Конвенцијата меѓу другото им дава обврска на земјите членки заради спречување на дискриминацијата на жените поради стапување во брак или мајчинство и заради обезбедување на нивното стварно право на работа, државите членки перземаат соодветни мерки заради: а) забрана, под закана од преземање на санкции, на давањето отказ поради бременост или породилно отсуство и дискриминацијата при отпуштањето од работа поради брачна состојба; б) воведување платено породилно отсуство или слични социјални бенефиции, без губење на правото на поранешното работно место, примањата по основа на стаж и социјалните примања; в) поттикнување да се обезбедуваат потребните помошни општествени служби за да им се овозможи на родителите да ги усогласат семејните обврски со обврските на работното место и учеството во општествениот живот, посебно со поттикнување на основањето и развојот на мрежата на установи за грижа за децата; г) обезбедувањето на посебна заштита на жената за време на бременоста на оние работни места за кои е докажано дека се штетни за бремените жени.

Европската социјална повелба, пропишува дека уживањето на социјалните права треба да биде обезбедено без дискриминација по кој било основ од страна на договорните страни, покрај тоа што треба да обезбедат платено породилно отсуство во траење од најмалку 12 недели, да го сметаат за нелегално отпуштањето на жена од страна на работодавач за време на нејзиното породилно отсуство или така што отказниот рок би истекол за време на тоа отсуство.

Тргнувајќи од фактот дека непродолжувањето на договорите на бремените работнички заради нивната бременост е долготраен системски проблем, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја информира јавноста дека подготвува општа препорака со предлози за подобрување на одредбите од ЗРО. Препораката ќе биде во насока на заштита на бремените работнички, со фокус на работничките со договори на определено време и изнаоѓање ефикасно решение за спречување на злоупотреба на договорите на определено време од страна на работодавачите, како превенција од дискриминација врз основа на пол, род и родов идентитет..

Целото мислење е достапно на следниов линк

Leave a Reply