KSZD

Летна школа за човекови права, недискриминација, еднаквост и толеранција

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, учествуваше на „Летната школа за човекови права, недискриминација, еднаквост и толеранција“, организирана од МЦМС.

Главна цел на летните школи е да се зголеми знаењето и искуството на младите во областа на заштита на човековите права на национално и регионално ниво и механизмите за заштита од дискриминација, еднаквост и толеранција. Предвидените летни школи имаат за задача да ја подигнат свеста на учесниците за појавите и ефектите од дискриминација како и бенефитите од мултикултурното општество, во насока на креирање на критична маса на идни млади активисти и практичари. Специфични цели на летните школи се:

  • Подобрување на знаењата во доменот на основни човекови права, механизмите за заштита на човековите права и односите меѓу различни групи на граѓани;
  • Подобрување на вештините за ефикасно препознавање на клучните предизвици во областа на заштита на човековите права, антидискриминацијата, (не)толеранцијата на национално ниво и граѓански активизам;
  • Зголемување на свесноста на младите за прашањата кои се однесуваат на еднаквоста (родовата еднаквост, социјалната еднаквост и итн.), почитувањето на различностите и слично. 

КСЗД активно се вклучи во реализирањето на летната школа со презентација на два случаја за констатирана дискриминација.

Со оваа активност, Комисијата придонесува при изготвување и примена на програми и материјали од областа на неформалното образование и презема активности за промоција, заштита и превенција за еднаквоста, човековите права и недискриминацијата меѓу младите во земјата.

Leave a Reply

Skip to content