KSZD

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу КСЗД и Народниот правобранител

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка со кој се истакнува посветеноста на двете страни да работат заедно за унапредување и заштита на правата на сите граѓани.

Потписниците на овој Меморандум се согласија да соработуваат во насока на остварување на човековите права и слободи, согласно надлежностите кои се утврдени со Законот за Народниот правобранител и Законот за спречување и заштита од дискриминација.

КСЗД и Омбудсманот заеднички ќе преземаат едукативни активности и соодветни истражувања за промоција на принципот на еднаквост и начелата на недискриминација, ќе соработуваат при организирање на јавни дебати, работилници, конференции и кампањи и други едукативно-промотивни настани, со цел подигање на свеста кај јавноста. Меѓусебно стручно ќе соработуваат при постапување по претставки и конкретни случаи на дискриминација, како и ќе разменуваат достапни информации, мислења и препораки од областа на еднаквоста и заштитата од недискриминација.

Меморандумот го потпишаа претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери и Народниот правобранител, Насер Зибери.

Leave a Reply

Skip to content