Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најостро го осудува говорот на омраза кој во последно време се повеќе се користи преку социјалните мрежи.
Последниот настан од 25 ноември 2025 година, каде одредено лице ја навредува и дискриминира целата ромска заедница во Република Северна Македонија, предизвика вознемирување и лавина на реакции од голем број на граѓани кои беа засегнати од понижувачката објава што беше споделувана на социјалните мрежи.
Комисијата препорачува да не се искривуваат информациите поврзани со спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите и да се воздржат од навреди и говор на омраза кон било која етничка заедница или поединец.
Воедно ги охрабруваме сите кои се чувствуваат навредени или дискриминирани од изјавата, да иницираат постапка за граѓанска одговорност на лицето кое ја има објавено содржината. КСЗД, за овој случај, веќе води постапка по поднесена претставка за дискриминација.