KSZD

Огласна табла

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА ВО КСЗД ПРЕКУ МОБИЛНОСТ СО ТРАЈНО ПРЕЗЕМАЊЕ

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објавува јавен повик за изразување интерес за пополнување на работни места преку мобилност со трајно преземање. Јавниот повик е насочен кон вработените во јавниот сектор кои би имале интерес и желба да работат во Комисијата, а кои согласно чл. 44 од Законот за вработените во јавниот сектор ќе бидат трајно преземени на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнуваат општите и посебните услови пропишани во Правилникот за систематизација на работните места на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Јавниот повик за пополнување на работни места во

Прочитај повеќе »

Јавен повик за граѓански организации за пријавување за обука за „Тестирање ситуација“, согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објавува јавен повик насочен кон граѓанските организации за пријавување за обука за „Тестирање ситуација“. Комисијата, во насока на своите стратешки цели, ќе спроведе обука за граѓански организации која ќе има за цел да го прошири и  зајакне теоретското и практичното знаење во однос на „Тестирање ситуација“ како метод за докажување дискриминација, преку вклучување на организирани тестери кои делуваат во споредбена ситуација за да ја истражат појавата на дискриминација во различни предмети, процеси и области врз која било дискриминаторска основа. Согласно методологијата, обуката опфаќа теоретски сесии за концептот на тестирање на ситуацијата и презентација

Прочитај повеќе »

Јавен повик за експерти за стручна поддршка на КСЗД

Врз основа на член 21 став 1 точка 22 од Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 258/20),  а во врска со член 3 од Правилникот за формирање советодавни тела од експерти за одредени специфични прашања поврзани со промоција, спречување и заштита од дискриминација бр. 01-182/1 од 16.2.2023 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (во натамошниот текст: Комисијата) објавува Ј А В Е Н  П О В И Кза формирање на листи на експерти за стручна поддршка на Комисијата

Прочитај повеќе »
Skip to content