KSZD

ЕСЧП во Стразбур утврди сегрегација во две училишта во РС Македонија и пресуди оштета од 46.500 евра

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој донесе пресуда во корист на родителите Роми, чии деца беа сегрегирани во две основни училишта во Република Северна Македонија.

Предметот стигнал во Судот за човекови права во Стразбур, преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), кој претходно годинава иницираше постапки пред КСЗД. Овие постапки резултираа со Мислења за утврдување сегрегација во училиштата во Битола и Штип”.

Цитирајќи ги Мислењата на КСЗД 08-89, 08-92 и Општата препорака 08-244 , судот во Стразбур утврди дека, основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип, го повредиле правото на образование на децата преку сегрегација, а на секое од овие домаќинства им е определена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта.

Од ЕЦПР потенцираат дека по претставките што ги поднеле до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и по препораките што ги донесе Комисијата, општините да гарантираат дека децата може да се запишуваат во училишта од нивната област, но и да преземат други мерки кои имаат за цел да стават крај на сегрегацијата на децата Роми, резултираа во позитивна одлука за родителите и засегнатите деца.

Leave a Reply

Skip to content