KSZD

„Здружени и гласни за општество без дискриминација“ – трибина во општина Градско

Во општина Градско се одржа трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација, на која присуствуваше членот на КСЗД Лимко Бејзароски, заедно со претставници од различни невладини организации.

Бејзароски им посочи на присутните претставници на невладините организации и на општина Градско,  дека треба да ги информираат своите членови и граѓаните, доколку по било кој основ и област им се нарушени правата, можат да поднесат претставки до Комисијата која, како што наведе, ќе им овозможи бесплатна правна помош.

– Нашето постапување е еднакво, неселективно и праведно за сите граѓани без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност, истакна Бејзароски и воедно информираше дека засега од општина Градско, Комисијата нема добиено ниту една претставка.

Членот на КСЗД Лимко Бејзароски ги охрабри жителите на општина Градско и останатите, доколку се чувствуваат дискриминирани да се обратат до Комисијата и појасни дека претставките може да ги достават електронски, директно да ги донесат кај Комисијата во Скопје или да ги испратат преку пошта, објаснувајќи дека сите претставки треба да бидат аргументирани со докази.

За време на трибината, присутните претставници од невладините организации изнесоа примери за разни видови на дискриминација која им била нанасена на нивните членови: лица со посебни потреби и на лица од ромската заедница.

Инаку, трибината во општина Градско е дел од проектот „Здружени и гласни за општество без дискриминација“, организирана од Мрежата за заштита од дискриминација во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и општина Градско.

Leave a Reply

Skip to content