KSZD

КСЗД вклучени во изработка на „Државен извештај по меѓународен пакт на ООН“

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација зеде учество во изработката на Четвртиот периодичен извештај на Република Северна Македонија по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права на Организацијата на Обединетите Нации. Ова е второ учество на Комисијата во изработка на Државен извештај по меѓународен пакт на ООН, по придонесот што го даде во изработката на комбинираниот единаесетти до четиринаесетти периодичен извештај кон Конвенцијата за елиминација на расната дискриминација.

Комисијата ќе продолжи да придонесува при изготвувањето на извештаите што државата е должна да ги поднесува до меѓународните и регионалните тела за човекови права, а воедно и активно ќе се вклучи во спроведувањето на нивните препораки.

Leave a Reply

Skip to content