KSZD

КСЗД на студиска посета во Република Србија

Споделувањето на знаење и искуство со телата за еднаквост од регионот е од особено значење за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата, во текот на три дневната студиска посета кај Повереникот за заштита на рамноправноста во Белград, Србија разговараше за водење стратешки судски постапки за случаи на дискриминација и нивното исклучително значење за унапредување на еднаквоста.

Посета беше остварена и во Министерството за човекови и права на малцинствата, како и Мисијата на ОБСЕ во Србија.

Дополнително, во текот на посетата, членот на КСЗД, Игор Јадровски, даде свој придонес на конференција за дискриминација на ЛГБТИ+ лицата на пазарот на труд.

Leave a Reply

Skip to content