KSZD

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ ИЗВРШИЛ ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА РОДОВ ИДЕНТИТЕТ, СЕКСУАЛНА ОРГИЕНТАЦИЈА И ПРИПАДНОСТ НА МАРГИНАЛИЗИРАНА ГРУПА

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди вознемирување врз основа на родов идентитет, сексуална ориентација и припадност на маргинализирана група сторено од Миленко Неделковски преку неговиот Твитер профил.

Претставката до КСЗД беше поднесена од Здружението за сексуални и родови малцинства „Субверзивен фронт“ за објавата на текстуалната содржина на Твитер профилот на Миленко Неделковски во контекст на втората Парада на гордоста во Скопје. Неделковски на својот профил напишал „Секој има право не немедицински третман. Така и овие со парадата а и ти со нив барабар. Секоја држава има право да го брани МНОЗИНСКОТО нормално население“. Наведениот текст бил предмет на коментари и споделувања од други лица, со што се поттикнала омраза кон ЛГБТИ+ заедницата и нејзините поддржувачи.

КСЗД достави известување до Миленко Неделковски со барање за писмено произнесување по наводите од претставката, но тој не достави одговор.

Се препорачува Миленко Неделковски веднаш да ја отстрани вознемирувачката содржина од социјалната мрежа „Твитер“ и јавно да се извини за напишаниот текст со кој е извршено вознемирувањето врз основа на родов идентитет, сексуална ориентација и припадност на маргинализирана група врз ЛГБТИ луѓето.

Leave a Reply

Skip to content