Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвори постапка по службена должност за сегрегација на четвртоодделенката Е.А од Гостивар. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение во ОУ „Башкими“ поради бојкот на родителите на учениците од паралелката, бидејќи таа има Даунов синдром.
Постапката е започната по службена должност, откако на социјалните мрежи се раширија информациите дека единаесетгодишната Е.А останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава.
Комисијата во понеделник ќе изври увид во училиштето, а веќе се остварени контакти со градоначалникот Таравари и директорот на училиштето.
За исходот од постапката, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.