KSZD

ПОВЛЕЧЕН ТЕКСТОТ ЗА КОЈ БЕШЕ УТВРДЕНО ДЕКА Е ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВРЗ ОСНОВА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ, ОБЈАВЕНО И ИЗИВНИНУВАЊЕ НА ПОРТАЛИТЕ

По донесената одлука од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за извршено вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, од страна на авторката на текстот „Простете геј другари, не е до хормоните, до логиката е!“ и порталите кои го објавиле misli.mk, temite.mk и tribuna.mk, спорната содржина беше отстранета, а на порталите беше објавено извинување.

Полномошникот на дискриминаторите на 24 септември ја извести Комисијата дека е постапено по препораките дадени при утврдувањето на вознемирувањето.

Постапувајќи по претставка поднесена од Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ и Македонското здружение на млади правници, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди вознемирување сторено од авторката на текстот, Елизабета Најдоска Величкова, како и од Атанас Величков, Александра Трнковска и Петар Колев регистранти на порталите misli.mk, temite.mk и tribuna.mk кои го објавиле текстот со вознемирувачка содржина.

Leave a Reply

Skip to content