KSZD

Позитивна оценка за работата на КСЗД во извештајот на Стејт Департментот за 2021 година

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација доби позитивна оценка за работата во најновиот извештај на Стејт департментот.

Работата на Комисијата е нотирана во неколку сегменти од извештајот и тоа, во делот на слобода и учество во политичкиот живот, потоа делот каде се разгледуваат човековите права и, кај делата на насилство, криминализација и други злоупотреби врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Според извештајот на Стејт Департментот за 2021 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација работела на заштита на граѓаните од прекршување на нивните права од страна на јавните институции, намалување на дискриминацијата врз малцинските заедници и лицата со попреченост, промовирање на правичната застапеност во јавниот живот и злоупотребата на правата на децата.

Издвоени се неколку примери во кои КСЗД постапувала, како, утврдување дискриминација на млади граѓани за време на претседателските избори во 2019 година, кои меѓу првиот и вториот круг од изборите наполниле 18 години, но не им било дозволено да гласаат во текот на вториот круг.

Во делот каде се разгледува системското расно или етничко насилство и дискриминација наведено е дека според добиените извештаи, членовите на ромската заедница биле предмет на дискриминација во јавните објекти и јавната инфраструктура на некои урбани области, по што, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација презела ефективни активности за санкционирање на тие случаи, издавајќи јавни опомени или наметнувајќи корективни мерки, но и препораки, одредени јавни институции да обезбедат обука за антидискриминација на својот персонал.

Во извештајот на Стејт Департментот за 2021 година, е наведено дека заклучно со 26 ноември, Комисија за спречување и заштита од дискриминација разгледала девет претставки за дискриминација врз основа на пол или сексуална ориентација, при што утврдила дискриминација во пет од деветте тврдења и дала препораки за отстранување на истата.

Leave a Reply

Skip to content