KSZD

Покана за доставување понуди за набавка на услуги

За потребите на проектот „VIOLET“ кој е финансиран од Европската Унија, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – КСЗД испраќа ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ за набавка на услуги – изработка и промоција на две национални кампањи на социјални медиуми за подигнување на јавната свест. Услугите ќе се реализираат согласно динамиката на проектот „VIOLET” најдоцна до 30 април 2028 година.

Краен рок на доставување на понудите е до 07.08.2026 година до 14:00 часот.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на КСЗД, violet@kszd.mk, најдоцна до 03.08.2026 година.

Во продолжение, линк од тендерската документација за набавката на услуги за изработка и промоција на две национални кампањи на социјални медиуми:

https://kszd.mk/wp-content/uploads/2026/07/ТЕНДЕРСКА-ДОКУМЕНТАЦИЈА-НАБАВКА-НА-УСЛУГИ-изработка-и-промоција-на-две-национални-кампањи-на-социјални-медиуми.pdf

Leave a Reply

Skip to content