KSZD

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу КСЗД и ЗЕЛС

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за заеднички активности насочени кон унапредување на еднаквоста, спречувањето и заштитата од дискриминација и почитувањето на човековите права на локално ниво.

Со Меморандумот, двете институции ја потврдуваат својата заложба за зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа за примена на принципот на еднаквост и недискриминација, како и за развој на локални механизми за еднаквост и инклузија.

Посебен акцент ќе биде ставен на поддршката на локалните комисии и механизми за еднакви можности, подигнувањето на јавната свест за препознавање и спречување на дискриминацијата, како и обезбедувањето еднаков пристап до локалните услуги за сите граѓани.

Leave a Reply

Skip to content