KSZD

Работата на Комисијата и системот за управување со предмети тема на средбата меѓу КСЗД и италијанскиот амбасадор Силвестри

Италијанскиот амбасадор во Скопје, Н.Е. Андреа Силвестри денес ги посети канцелариите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На средбата, членовите на Комисијата го запознаа со нивната досегашна работа и идните планови.

Н.Е. Силвестри и членовите на КСЗД разговараа за бројот на претставки по кои е постапувано во првата година од работата на Комисијата, како и за главните области поврзани до дискриминацијата.

Исто така, на амбасадорот му беше презентиран и системот за управување со предметите, како и можноста за следење на аналитиката од поднесените и решени претставки, достапна на веб страницата www.kszd.mk.

Leave a Reply

Skip to content