Делегација на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (ACFC) престојува во посета на Северна Македонија од 28 септември до 2 октомври 2026 година. Делегацијата е составена од тројца членови на ACFC и еден член на Секретаријатот за Рамковната конвенција при Советот на Европа.
Посетата е дел од процесот на евалуација од страна на ACFC на Шестиот државен извештај на Северна Македонија за спроведувањето на Рамковната конвенција, кој беше поднесен на 28 октомври 2025 година.
На 1 октомври 2026 година, делегацијата реализираше средба со претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) Душан Томшиќ, потпретседателот Зекир Абдулов и членот Лимко Бејзароски.
Советодавниот комитет е независно експертско тело кое го следи спроведувањето на Рамковната конвенција од страна на државите-страни

