KSZD

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

КСЗД ги демантира информациите кои се појавија во одредени медиуми изминативе денови, за наводно исселување од канцелариите во центарот на Скопје, во кои е сместена и работи Комисијата.

Овие дезинформации се појавија по одлуката на Владата на РСМ, донесена на седница одржана на 12.12.2023 година, со која, просториите во кои е сместена КСЗД ги одзема од Комисијата и ги доделува на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Но, по нашата реакција и по консултациите одржани со Владата, на седництата одржана на 16.1.2024 година, Владата ја поништи оваа одлука и ги врати просториите во трајно користење на КСЗД.

Напоменуваме дека во изминатиот период, Комисијата никогаш не излегла од просториите во кои се наоѓа, никогаш и не и биле доделени нови простории, а работата се вршеше непречено и со ист интензитет.

Преку ова соопштение, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација сака да ја информира јавноста и да ја разјасни забуната до која дојде, дека нема промена на седиштето на КСЗД, а граѓаните, заштитата од дискриминација и натаму можат да ја добијат на истото место како и до сега, во центарот на Скопје, на улица Даме Груев бр, 1.

Leave a Reply

Skip to content