KSZD

Утврдена дискриминација и сегрегација на ученичката со Даунов синдром од Гостивар

По отворањето постапка по службена должност, во врска со ученичката со Даунов синдром од Гостивар, КСЗД донесе Мислење со кое утврди дека ООУ „Единство“ во Гостивар, извршило сегрегација и исклучување на ученичката Е.А. од редовниот образовен процес, што претставува облик на дискриминација. Комисијата утврди и директна продолжена дискриминација кон ученичката поради неприспособена училишна инфраструктура соодветна за нејзините посебни образовни потреби.

Дополнително, Комисијата утврди дека, 11 родителки на соученици на девојчето со потпишувањето на Петицијата за нејзино отстранување од редовниот воспитно-образовен процес и организирањето на бојкот на наставата, извршиле повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација, што е забрането со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Комисијата упати низа препораки до училиштето што треба да се реализираат во рок од 30 дена по приемот на Мислењето. Доколку училиштето не постапи по препораките, Комисијата ќе поднесе барање за започнување на прекршочна постапка пред надлежен суд (чл.27, став 4 од Законот за СЗД).

Leave a Reply

Skip to content