KSZD

Утврдено вознемирување врз основа на етничка припадност од Валон Бела и ТВ21

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, постапувајќи по претставка поднесена по службена должност, утврди вознемирување по основ на етничка припадност врз припадниците на турската зедница во РСМ, во областа на јвно информирање и медиуми од страна на Ваљон Бела.

Имено, по добиена информација дека лицето Ваљон Бела, во дебатната емисијата „Кликплус“ на ТВ 21, дал изјава која содржи елементи на вознемирувачки говор насочен кон турската заедница во РС Македонија, КСЗД согласно своите законски надлежности презеде мерки и по анализа на изјавата заклучи дека согласно член 10, став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, истата претставува вознемирувачки говор со тенденција за повреда на човечкото достоинство на припадниците на турската заедница во РСМ.

Исто така, Комисијата утврди дека ТВ21 како организатор на дебатната емисија, со неоградување на ваквите изјави на лицето Ваљон Бела, директно обезбедила услови, ваквиот вознемирувачки говор да допре до голем број граѓани и до моментот на изработка на ова мислење да оствари 61.000 прегледи, 421 коментар и да биде 95 пати споделена на социјалната мрежа Фејзбук.

Поради фактот што телевизијата не се извини јавно кон припадниците на турската етничка заедница во РСМ како и поради неотстранување на емисијата од социјалната мрежа Фејзбук, согласно член 9 од ЗСЗД, Комисијата утврди повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација од страна на ТВ21 и ги донесе следниве препораки:

  • Лицето Ваљон Беља да се извини на турската етничка заедница за изнесувањето на ставовите и писмено да го упати извинувањето до ТВ21 во рок од 30 дена.
  • ТВ21, доколку во иднина нивен гостин предизвикува вознемирувачки говор по било која основа, веднаш да се оградат од таквиот говор и да го предупредат гостинот да се воздржи од таквата пракса. Дополнително, телевизијата да овозможи соодветен медиумски простор каде г. Ваљон Бела ќе може да се ивини на труската етничка заедница.

Доколку лицето Ваљон Бела и ТВ21 не постапат по препораката на Комисијата, согласно член 27, став 4 од ЗСЗД, КСЗД до надлежниот суд за ќе поднесе прекршочна постапка.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе продолжи да ги следи и соодветно да реагира на сите изјави и постапки кои предизвикуваат дискриминација по било кој основ.

Leave a Reply

Skip to content