KSZD

Флора Кадриу – претседателка на КСЗД

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја известува јавноста, дека согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација (член 16, став 4), по принципот на ротирање на претседателското место, на 22-тата седница на Комисијата, одржана на 4.11.2026 година, за претседателка на КСЗД, членовите ја избраа Флора Кадриу.

Новата претседателка, функцијата ја презеде од досегашниот, Душан Томшиќ, во  колегијална и конструктивна атмосфера, во дух на заемна почит, соработка и континуитет во работата на Комисијата.

За заменик претседателка на Комисијата, назначена е членката Наташа Амдију.

КСЗД му изразува благодарност на г. Томшиќ за неговата посветеност и професионален придонес во изминатиот период, како и за ангажманот во унапредување на независноста и видливоста на институцијата.

Во ист дух на партнерство и заедничка визија, Комисијата продолжува со својата мисија – унапредување на еднаквоста и заштита на достоинството на сите граѓани.

Leave a Reply

Skip to content