KSZD

7-ма Регионална конференција на институциите за еднаквост во Југоисточна Европа

На Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, Белград беше домаќин на 7-мата Регионална конференција на институциите за еднаквост во Југоисточна Европа.

На конференцијата учествуваа лидери и претставници на институции за еднаквост од Албанија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Словенија, како и претставници на невладиниот сектор, меѓународни организации и научни институции.

Конференцијата оваа година беше посветена на борбата против дискриминацијата на старите лица, со цел да се испитаат и предложат конкретни начини на дејствување на телата за еднаквост, како и на другите општествени чинители, за создавање услови за еднаков третман и квалитетен живот за постарите лица.

Свое излагање имаше претседатлот на КСЗД Игор Јадровски кој пред останатите учесници на конференцијата ги сподели искуствата и добрите пракси на Комисијата во превенцијата и заштитата од интерсекциска дискриминација врз возрасни жени. 

Работниот дел на конференцијата се одвиваше преку панели посветени на предизвиците на староста, повеќекратната дискриминација врз основа на возраста, како и проблемите со кои се соочуваат постарите жени.

Leave a Reply

Skip to content